Пораз од Русија: Македонија си закажа дуел со Чиле за 15.место на СП

Ракометната репрезентација го доживеа четвртиот пораз во низа на светското првенство откако денеска загуби од русија со 30-28. Овој негативен резултат значи дека македонија утре ќе игра натпревар за 15-тото место на мундијалот против селекцијата на Чиле која денеска исто така загуби од Катар со 37-27.

Нашиот национален тим имаше предност против „зборнајата“ само во почетните минути. Потоа Русија ја презеде иницијдивата и дојде до највисока предност од +5 во првиот дел, но на паузата резултатот гласеше 17-14.

Во вториот дел противникот продолжи да доминира и во најголем дел од полувремето одржуваше разлика од 5-6 голови. Откако селекторот Раул Гонзалес реши да им даде шанса на помладите играчи во последните 15 минути, резервистите донесоа свежина и го намалија резултатот за конечен пораз од 30-28.

Голманот на Русија, Виктор Киреев беше нерешлива енигма за нашите репрезентативци и имаше 19 одбрани. Одличен на голот на Македонија беше и Никола Митревски со 15 интервенции и еден постигнат гол.

Кирил Лазаров со девет голови беше најефикасен во редовите на нашиот тим, додека кај Русија најмногу се истакна Дмитри Житњиков.

Утре од 13 часот го играме дуелот против Чиле за пласман на 15-тото место.

 

Објавено на
© 2025 Телевизија Телма. Сите права се задржани.
Текстов не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

СЛИЧНИ ТЕКСТОВИ