ПОРАЗ ОД ИСЛАНД,МАКЕДОНИЈА ЌЕ ИГРА ЗА ПЛАСМАН ОД 13 – 16 МЕСТО

По втор  пат од настапите на СП-ва,Македонија не успеа да се пласира во главната фаза и вечерва во Минхен  ги загуби шансите за олимписки  квалификации.Во решавачкиот меч за 3.место од групата Б ,нашиот состав беше поразен од Исланд со 24-22.Првиот дел,нашите ракометари го одработија според планот и заминаа на пауза со водство од 13 -11.Клучен  беше периодот од второто полувреме каде Македонија 9.минути не успеа да постигне  гол а  Исланд  од 44’ стигна до предност која покрај  изедначувањето од 21-21,  успеа да ја одржи до крајот и да излезе како победник во директната пресметка за позиција во  главната фаза покрај Хрватска и Шпанија. Манасков и Кире Лазаров беа најефикасни  со по пет погодоци  Талески постигна 4.На голот Ристовски имаше  12 одбрани.

Со биланс од две победи и три порази ,Македонија од 4. позиција  ќе биде дел од „Президент купот“ што ќе се игра во Келн в сабота и в недела за пласман од 13 до 16 место,во првиот меч против Русија а потоа со Катар или Чиле.

Објавено на
© 2025 Телевизија Телма. Сите права се задржани.
Текстов не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

СЛИЧНИ ТЕКСТОВИ