
Ракометарите поразени од Шпанија, утре е решавачкиот меч со Исланд
Втор пораз на Македонија на 26 СП-во, вечерва од Шпанија со 21-32. Националниот тим одигра две различни полувремиња.Извонредно прво, во кое на крилјата од 11-те одбрани на Митревски, македонскиот состав имаше водство и од 6-3 а до крајот од полувремето, Европскиот првак успеа да реализира во 30-та минута и да замине на пауза со водство од 13-12. Вторите 30 минути беа поинаква слика.Серијата технички грешки го исфрли од ритам нашиот тим . Шпанија со гол низа од 5-0 го остави македонскиот состав без погодок 3 минути а до крајот, Црвената фурија стигна и до убедлива победа. Во продолжение, селекторот Гонзалес им даде шанса и на дебитантите, Чурлевски, Танкоски, Серафимов и Крстевски и ги одмори првотимците за утрешната решавачка пресметка за опстанок на СП-во.
Кире Лазаров постигна 5 гола за едно полувреме,најефикасен беше Пешевски со 6,Кузмановски заврши со 4 погодоци.Кај Шпанија од 12 реализатори против Македонија, прв стрелец Гомез со 6 голови.
Утре од 18 часот во последното 5. коло во групата, нашите ракометари ќе играат со Исланд во директна пресметка за 3-то место кое води до главната фаза.
СП ГЕРМАНИЈА / ДАНСКА
ГРУПА Б 4.КОЛО
МАКЕДОНИЈА-ШПАНИЈА 21-32
ЈАПОНИЈА-ИСЛАНД 21-25
ХРВАТСКА-БАХРЕИН 32-20
ТАБЕЛА
1.ХРВАТСКА 8
2.ШПАНИЈА 8
3.ИСЛАНД 4
4.МАКЕДОНИЈА 4
5.ЈАПОНИЈА 0
6.БАХРЕИН 0