Тотенхем во проблеми: Хери Кејн во „аут“ до март

Напаѓачот на Тотенхем, Хери Кејн ќе биде надвор од терените до почетокот на март поради повреда на скочниот зглоб.

Англичанецот ги повредил лигаментите во финишот од дуелот со Манчестер јунајтед во неделата, кога Спарс загубија со минимални 1-0 на „Вембли“.

Ова е голем проблем за менаџерот Маурисио Покетино, бидејќи Кејн е прв стрелец и најдобар фудбалер на Тотенхем.

Се очекува голгетерот да пропушти точно 11 натпревари меѓу кои и двата осминафинални натпревари против Борусија Дортмунд во Лигата на шампионите и дербијата во Премиерлигата против Челзи и Арсенал.

Објавено на
© 2025 Телевизија Телма. Сите права се задржани.
Текстов не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

СЛИЧНИ ТЕКСТОВИ