Петр Чех: Освоив сè што можев да освојам, време е за пензија

Голманот на Арсенал, Петр Чех, денеска на „Твитер“ објави дека по завршувањето на актуелната сезона ќе се повлече од фудбалот.

36-годишниот голман имаше фантастична кариера изминатите 20 години и според него време е да заврши со фудбалот.

Најблескавите моменти во кариерата ги мина во редовите на Челси и како што вели тој, ги освоил сите можни трофеи и ги достигнал сите цели кои ги имал во кариерата.

Пред да се пресели во Премиерлигата каде мина 15 сезони, бранеше за француски Рен, а во родната Чешка беше дел од Блшани и Спарта Прага. За чешката репрезентација одигра 124 натпревари.

Објавено на
© 2025 Телевизија Телма. Сите права се задржани.
Текстов не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

СЛИЧНИ ТЕКСТОВИ