ГЕРМАНИЈА ЈА ПОБЕДИ КОРЕЈА,ДАНСКА ГО ДЕКЛАСИРАШЕ ЧИЛЕ НА СТАРТОТ ОД 26-ТО СВЕТСКО ПРВЕНСТВО

Убедливи победи на домаќините на СП-во.Репрезентацијата на Германија со високи  30-19  над  обединетиот тим на Северна и Јужна Кореја  го заврши првиот меч на шампионатот  што се играше во Берлин.Фаворитот имаше  на полувремето +7, и во вториот дел  одигра рутински.Крилото на Германија  Уве Генсхајмер реализираше 7 голови . Кај Корејците најдобар  поединец беше голманот Парк кој  со   17 одбрани спречи  потежок пораз на азиската селекција.Во наредното коло на А групата , Германија  ќе се сретне со Бразил, Кореја со Русија.

Во вториот натпревар од денешната програма, ко-организаторот  Данска во премиерниот меч на  групата Ц  го понижи  Чиле    39-16 .На средбата во Копенхаген ,данците имаа 22-4 на полувремето.Хансен и Мортенсен постигнаа по 7 голови кај Данска.

Во 2.коло Данска ќе  игра со Тунис,Чиле против Австрија

Објавено на
© 2025 Телевизија Телма. Сите права се задржани.
Текстов не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

СЛИЧНИ ТЕКСТОВИ