
Торонто се врати на првото место на Истокот
По двата последователни триумфи Торонто изби на првото место на Истокот, Вашингтон славеше на гостувањето против Оклахома и на противникот му ја прекина серијата од три последователни победи.
Торонто ја совлада Индијана со 121:105. Најефикасен во редовите на тимот од Канада беше Норман Пауел со 23 поени, Серж Ибака додаде 18 поени и шест скока додека Дени Грин беше стрелец на 15 поени. На спротивната страна Бојан Богдановиќ впиша 21 поен и девет освоени топки под обрачите, а Домантас Сабонис имаше учинок од 16 поени и 11 скока.
Најголемото изненадување го направи Вашингтон совладувајќи ја Оклахома со 116:98. Бредли Бил имаше 25 поени и шест асистенции, а Ото Портер забележа 20 поени и шест скока. Во поразениот тим Расел Вестбрук мечот го заврши со 22 поени, 13 додавања и 15 освоени топки додека Пол Џорџ беше стрелец на 20 поени. Во останатите натпревари Атланта – Мајами 106:82 и Феникс – Шарлот 113:119.