Дербито на Истокот за Торонто

Во дуелот на двете водечки екипи на Истокот, Торонто како гостин го совлада Милвоки, Портланд ја прекина победничката низа на Хјустон.

Торонто славеше на гостувањето против Милвоки со 123:116. Каваи Леонард мечот го заврши со 30 поени и шест асистенции, Паскал Сиакам беше стрелец на 30 поени, а Серж Ибака додаде 25 поени и девет освоени топки под обрачите. На спротивната страна Јанис Адетокумбо имаше учинок од 43 поени и 18 скока, но и тоа не беше доволно Милвоки да стигне до победа.

Портланд го совлада Хјустон со 110:101 и ја прекина низата на противникот од шест последователни победи. Јусуф Нуркиќ имаше учинок од 25 поени и 15 скока, Си Џеј МекКалум постигна 24 поени, а Демијан Лилард додаде 17 поени и 12 асистенции. Во поразениот тим Џејмс Харден постигна 38 поени додека Остин Риверс 21.

Во останатите натпревари Детроит – Јута 105:110, Филаделфија – Далас 106:100, Кливленд – Њу Орлеанс 98:133, Сан Антонио – Мемфис 108:88 и Сакраменто – Голден Стејт 123:127.

Објавено на
© 2025 Телевизија Телма. Сите права се задржани.
Текстов не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

СЛИЧНИ ТЕКСТОВИ