
Пораз на одбојкарите во Украина
По денешниот пораз од 3:1 на гостувањето против Украина, македонската одбојкарска репрезентација ги намали шансите за пласман на Европското првенство.
За жал во пресрет на последното коло освен што ни е потребна победа во соочувањето со Унгарија во Скопје, пласманот меѓу петте најдобри од второпласираните ќе зависи и од резултатите на останатите дуели.
Првиот сет домаќините го освоија со 25:19, во вториот се водеше жестока битка за секој поен, но Украинците успеаа да стигнат до предност од 2:0 откако славеа со 28:26.
Третиот сет им припадна на нашите одбојкари со 25:23, а четвртиот го освоија домашните репрезентативци со истиот резултат.