
Продолжува доминацијата на Шифрин
Американката Микаела Шифрин по четврти пат во кариерата триумфира на трка од Светскиот куп што се одржува на Сљеме крај Загреб. Шифрин до седмата последователна слаломска победа стигна со вкупно време од 2 минути една секунда и девет стотинки и за секунда и 25 стоти дела беше побрза од Петра Влхова од Словачка додека третопласираната Венди Холденер од Швајцарија заостана една секунда и 75 стоти дела.
Во редоследот за слалом Шифрин води со 680 бода, 100 повеќе од Влхова додека Холденер е трета со 375.
Во генералниот пласман за Светскиот куп Шифрин има 1214 бода пред Влхова со 748 додека Холденер на третата позиција има 514.
Следната трка од Светскиот куп ќе се одржи на осми јануари во Флахау.