Втора победа на ракометарите над Србија

Македонската ракометна репрезентација и во вториот контролен дуел ја совлада селекцијата на Србија овој пат со 28:27. Стрелец на победничкиот погодок за Македонија беше Филип Лазаров, кој на десетина секунди пред крајот на мечот успеа да го совлада противничкиот голман.

Денешното соочување со Србија беше од затворен карактер и двајцата селектори го искористија да испробаат повеќе тактички варијанти во пресрет на настапот на Светскиот шампионат.

Најефикасен во редовите на македонската репрезентација беше Жарко Пешевски со седум погодоци, Кире Лазаров постигна пет, а Никола Митревски забележа 13 интервенции.

Објавено на
© 2025 Телевизија Телма. Сите права се задржани.
Текстов не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

СЛИЧНИ ТЕКСТОВИ