
Хет-трик на Кобајаши на турнејата „Четири скокалници“
Рјоју Kобајаши дојде до хет-трик на новогодишната турнеја „Четири скокалници“ откако денеска триумфираше и на третото натпреварување во Инсбрук.
Откако славеше во Oберсдорф и Гармиш-Партенкирхен, јапонскиот ски-скокач денеска беше најдобар и во австрискиот ски-центар. Младиот 22-годишен Кобајаши почнал да се занимава со ски-скокови во 2016 година, а сезонава оствари вкупно седум победи, од кои три по ред на турнејата „Четири скокалници“.
Јапонецот до победата дојде со скокови од 136,5 и 131 метар и зад себе ги остави Штефан Крафт од Австрија и Норвежанецот Андреас Стјернен.
Кобајаши чекувано е прв и во генералниот поредок на новогодишната турнеја со 815,9 бодови, пред Германецот Маркус Ајзенбихлер, кој има 45,5 бодови помалку, додека трет е Андреас Стјернен од Норвешка со 766,2 бода.
Последното натпреварување е во Бишофсхофен на 6 јануари.