
НАДАЛ ЌЕ БИДЕ ’’ ФИТ ’’ ЗА АВСТРАЛИЈА ОПЕН,ШВАЈЦАРИЈА ПРВ ФИНАЛИСТ НА ХОПМАН КУПОТ
Рафаел Надал ги израдува фановите со веста дека повлекувањето од турнирот во Бризбејн е поради полесна повреда,истегнување на левиот бутен мускул. Шпанскиот ас кој има 17 Грен слем титули, очекува дека ќе има доволно време за квалитетни подготовки пред традиционално првиот ГС од сезоната што го има освоено 2009 година а кој почнува на 14 јануари. Вториот светски рекет поради повреда,лани не го комплетира полуфиналето на УС Опен против Хуан Мартин дел Потро.Тој имаше операција на глуждот и паузираше на крајот од сезоната.
На Хопман купот што се одржува во Перт,Швајцарија го повтори лансиот успех и влезе во финалето.Победата на Роџер Федерер против Циципас во два сета со по 7-6 и го донесе на Швајцарија потребниот бод против Грција од 3.коло на Б групата за место во најдобрата четворка.Претходно швајцарците беа подобри од САД и Велика Британија а во финалето ќе се соочат со подобриот од утрешната пресметка помеѓу Германија и Австралија од последното коло во групата А.