СОЛСКЈЕР РАЗМИСЛУВА ЗА ПРОДОЛЖУВАЊЕ НА ПРЕСТОЈОТ НА ОЛД ТРАФОРД

Поранешниот играч на Црвените Ѓаволи ,влезе во победничка серија откако го замени Жозе Мурињо.Манчестер Јунајтед синоќа славеше  со 2-0 на гостувањето кај Њукасл со головите на Лукаку и Рашворд  што е 4-ти  триумф по ред  под водство на Оле Гунар Солскјер.Норвежанецот изјави дека размислува да остане во клубот и после месец мај кога истекува неговиот договор што беше   постигнат како  алтернатива за португалскиот стратег и остави  можност за челниците на Манчестер да пронајдат ново тренерско име ако до крајот на сезоната Сослкјер не успее да ги премисли.Под водство на норвежанеот Јунајтед ги солвада Кардиф,Хадерсфилд,Бормут и синоќа Њукасл,но првиот вистински тес за Солскјер ќе биде  мечот со Тотенхем што е на распоред во Премиер лигата на 13 јануари.

Објавено на
© 2025 Телевизија Телма. Сите права се задржани.
Текстов не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

СЛИЧНИ ТЕКСТОВИ