
Калифорниското дерби за ЛА Лејкерс
Лос Анџелес Лејкерс по два последователни порази успеа да го совлада Сакраменто, Торонто потешко од очекувањата славеше над Чикаго, Далас беше поуспешен од Оклахома.
Во калифорниското дерби Лос Анџелес Лејкерс го славеше против Сакраменто со 121:114. Кентавиус Калдвел Поуп беше стрелец на 26 поени, Џош Јарт додаде 22 поени и седум скока, а Брендон Инграм имаше 21 поен, 9 асистенции и седум освоени топки. Во поразениот ДеАрон Фокс мечот го заврши со 26 поени и седум додавања, а Бади Хелд и Богдан Богдановиќ постигнаа по 21 поен.
Торонто забележа победа од 95:89 во дуелот против Чикаго. Кавај Ленард имаше учинок од 27 поени и девет скока, а Паскал Сиакам забележа 20 поени и 12 освоени топки. На спротивната страна Лаури Марканен впиша 18 поени и 10 скока додека Вендел Кларк постигна 16 поени.
Далас славеше над Оклахома со 105:103, а прв стрелец во победничкиот тим со 25 поени беше Лука Дончиќ. Харисон Барнс имаше 16 поени и шест скока, а ДеАндер Џордан додаде 12 поени и 17 освоени топки. Во редовите на Оклахома Пол Џорџ постигна 36 поени, а Денис Шредер 19. Во останатите мечеви Минесота – Мајами 113:104 и Порлтанд – Филаделфија 129:95.