
БЕЗ ФИЛИП МИРКУЛОВСКИ НА СП ГЕРМАНИЈА И ДАНСКА
Без Филип Миркуловски и Немања Прибак во составот за јануарскиот Светски шампионат ,селекторот Гонзалес ќе ги почне подготовките.Миркуловски,искусниот 35 годишен среден бек кој минува тежок период во кариерата,истакна дека влече многу повреди поради што не е во состојба да одигра на потребното ниво според очекувањата.Покрај ракометарот на Вецлар,Раул Гонзалес не смета и на уште еден среден бек, Немања Прибак.Покрај плејкемкерите од тимот кој настапи на последното ЕП ,недостигаат дефанзивеците Јоноски и Никола Маркоски ,крилото Ојлески како и повредениот бек на Металург, Мартин Велковски.Екипата предводена од капитенот Кире Лазаров се освежува со неколку ракометари од помладата генерација,останатите се стандардни.Репрезентивците ќе треба да се јават на првиот собир кој шпанскиот стратег го закажа на 24 декември во Скопје.На СП, Македонија е во група со Шпанија,Хрватска ,Исланд,Бахреин и Јапонија.