
ЖОЗЕ МУРИЊО ДОБИ ОТКАЗ НА ТРЕНЕРСКОТО МЕСТО ВО МАНЧЕСТЕР ЈУНАЈТЕД
ПОРАЗОТ ВО ДЕРБИТО ОД ЛИВЕРПУЛ БЕШЕ ПОСЛЕДНИОТ НАСТАП НА ПОРТУГАЛЕЦОТ КАКО МЕНАЏЕР НА НАЈТРОФЕЈНИОТ АНГЛИСКИ ФУДБАЛСКИ КЛУБ КАДЕ МИНА ДВЕ И ПОЛ ГОДИНИ.ТИМОТ ПРИВРЕМЕНО ЌЕ ГО ВОДИ МАЈКЛ КЕРИК А ВО ИГРА ЗА ТРЕНЕРСКО МЕСТО НА ОЛД ТРАФОРД, АНГЛИСКИТЕ МЕДИУМИ ГИ ПОСОЧУВААТ ЗИНЕДИН ЗИДАН И МАУРИЦИО ПОКЕТИНО.
Манчестер јунајтед по 17 одиграни натпревари во Премиерлигата е на шестата позиција на табелата и со 26 бодови го има најслабиот старт во англиската елита во последните 27 години. Јунајтед има дури 19 бодови помалку од лидерот Ливерпул од кого загуби изминатиот викенд на „Енфилд Роуд“ со 3-1. Тоа воедно беше и последниот натпревар на Жозе Мурињо на клупата на „црвените ѓаволи“, откако раководството на клубот утринава реши да му врачи отказ по две ипол години.
Минатата сезона Манчестер јунајтед заврши втор на табелата зад градскиот ривал Манчестер сити, а клубот под водство на Мурињо освои еден Лига Куп и еден трофеј во Лигата на Европа.
Клубот ќе назначи привремен тренер, кој ќе го води тимот до крајот на сезоната, а потоа на лето ќе назначи нов менаџер.