
Доминација на Хиршер во Алта Бадија
Австриецот Марсел Хиршер триумфираше на велеслаломот во Алта Бадија и по шести пат беше најдобар на легендарната патека Гран Риса во италијанскиот зимски скијачки центар.
Хиршер во двете трки имаше вкупно време од 2 минути 32 секунди и 29 стотинки и за 2 секунди и 53 стоти дела беше побрз од Французинот, Томас Фанара додека трет е неговиот сонародник Алексис Пантуро.
Во редоследот за велеслалом води Хиршер со 280 бода, 132 повеќе од Хенрик Кристоферсен од Норвешка, а трет со 140 е Швеѓанецот, Матс Олсон.
Во генералниот пласман за Светскиот куп на чело е Хиршер со 380 бода пред Австриецот Макс Франц со 340 и Аксел Лунд Свиндал со 333.
Утре на програмата е трката во паралел слалом што ќе се вози исто така во Алта Бадија.