
Полуфиналните и финалните дуели на ЕП во ракомет директно на Телма
По исцрпувачките настапи во последното коло од главната рунда на Европското првенство во ракомет во женска конкуренција утре е слободен ден и шест селекции ќе се преселат во Париз каде ги очекуваат натпреварите за пласман.
В петок од 17 часот и 30 минути репрезентацијата на Русија се среќава со Романија, а за 21 часот е закажан почетокот на второто полуфинале во кое Холандија за противник го има домаќинот Франција.
Двата натпревари ќе можете да ги следите низ директни преноси на програмата на Телма.
В недела ќе се играат завршните мечеви за пласман. Од 14 часот почнува дуелот за бронзениот медал, а од 17 и 30 стартува големото финале. И овие две средби ќе ги емитуваме на нашата програма.
РАКОМЕТ ЕП ЖЕНИ – ФРАНЦИЈА 2018
ПОЛУФИНАЛЕ
14.12.2018
17:30 часот РУСИЈА – РОМАНИЈА (пренос)
21:00 часот ХОЛАНДИЈА – ФРАНЦИЈА (пренос)
16.12.2018
14:00 часот НАТПРЕВАР ЗА 3 МЕСТО (пренос)
17:30 часот ФИНАЛЕ (пренос)