Познати полуфиналните двојки на ЕП во ракомет

По одигрувањето на последното коло во главната рунда познати се полуфиналните двојки на Европското првенство во ракомет во женска конкуренција што се одржува во Франција.

По триумфот над Германија со 27:21, расчистена е неизвесноста во втората група од главната рунда. Со овие два бода Холанѓанките го освоија првото место и во полуфиналето ќе се соочат со Франција која беше убедлива во мечот со Србија забележувајќи победа од 38:28.

Во второто полуфинале ќе се сретнат Русија и Романија. Русинките во последното коло загубија од Шведска со 39:30, но уште претходно ја обезбедија првата позиција. Романија исто така е поразена во последното коло од Унгарија со 31:29, но победата на Холандија и го донесе второто место во групата.

Полуфиналните мечеви се играат в петок, а ќе можете да ги следите низ директен пренос на Телма.

Во разигрувањето за петтата позиција ќе играат Норвешка и Шведска. Бранителот на трофејот, Норвешка во последното коло славеше над Шпанија со 33:26, а Швеѓанките беа поуспешни од Русија и и стигнаа до третото место.

 

 

РАКОМЕТ ЕП ЖЕНИ / ГЛАВНА РУНДА

  1. КОЛО

 

ГРУПА 1

ДАНСКА – ЦРНА ГОРА                                   24:23

ШВЕДСКА – РУСИЈА                                       39:30

ФРАНЦИЈА – СРБИЈА                                     38:28

 

ТАБЕЛА

1. РУСИЈА 5 4 0 1 141:131 8
2. ФРАНЦИЈА 5 3 1 1 136:118 7
3. ШВЕДСКА 5 2 1 2 139:132 5
4. ДАНСКА 5 2 0 3 123:143 4
5. ЦРНА ГОРА 5 2 0 3 124:128 4
6. СРБИЈА 5 1 0 4 131:142 2

 

 

ГРУПА 2

НОРВЕШКА – ШПАНИЈА                                               33:26

УНГАРИЈА – РОМАНИЈА                                               31:29

ХОЛАНДИЈА – ГЕРМАНИЈА                         27:21

 

ТАБЕЛА

1. ХОЛАНДИЈА 5 4 0 1 128:126 8
2. РОМАНИЈА 5 3 0 2 140:132 6
3. НОРВЕШКА 5 3 0 2 155:131 6
4. УНГАРИЈА 5 3 0 2 139:146 6
5. ГЕРМАНИЈА 5 2 0 3 132:137 4
6. ШПАНИЈА 5 0 0 5 127:149 0
Објавено на
© 2025 Телевизија Телма. Сите права се задржани.
Текстов не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

СЛИЧНИ ТЕКСТОВИ