Романките во полуфинале, тешка повреда на Неагу

Во последниот настап во главната рунда од Европското првенство во ракомет во женска конкуренција што се одржува во Франција, репрезентацијата на Романија е совладана од Унгарија со 31:29, но благодарение на победата на Холандија во соочувањето со Германија обезбеди пласман во полуфиналето.

За жал Романките во решавачките натпревари за пласман ќе настапат без првата ѕвезда Кристина Неагу, која на средината од второто полувреме го повреди коленото и според првите процени на лекарите таа ќе мора да паузира најмалку шест месеци.

Деталните прегледи ќе бидат направени во текот на утрешниот ден, но сигурно е дека за Неагу првенството е завршено.

Селекторот на Романија, Амброс Мартин најави дека местото на најдобрата ракометарка во тимот ќе го заземе 21-годишната Бјанка Базалиу.

Објавено на
© 2025 Телевизија Телма. Сите права се задржани.
Текстов не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

СЛИЧНИ ТЕКСТОВИ