
Мадрид профитираше од Суперкласико
Покрај Ривер Плата, екипата што триумфираше во финалето на Копа Америка, големи се приходите на шпанската престолнина Мадрид, кој ја имаше честа и привилегијата да биде домаќин на дуелот на двете најдобри екипи од Аргентина.
Според првите процени приходот од организацијата на мечот ќе изнесува околу стотина милиони евра што скоро двојно повеќе од сумите што ги инкасираат градовите кои се домаќини на финалето во Лигата на шампионите.
До овој момент пресметано е дека како директен приход од натпреварот, изнајмување на Сантијаго Бернабеу и процентот од влезниците инкасирани се 55 милиони евра, а уште толку се очекува да биде заработката од продажба на сувенири.