Стојановски 37. во трката на 400 метри слободно

Од денеска па до недела во кинескиот град Хангжу се одржува Светското првенство во пливање во 25 метарски базени, а Македонија ќе ја претставуваат Љупчо Ангеловски и Андреј Стојановски.

На првиот ден од првенството во квалификациите на 400 метри слободно настапи Стојановски кој на целта пристигна со време од 4 минути пет секунди и 12 стотинки и на крајот го освои 37-то место во конкуренција на 41 натпреварувач.

Стојановски утре ќе биде дел од квалификациите на 200 метри слободно и ќе биде дел од третата група каде е пријавен со подобар резултат од четири натпреварувачи.

Нашиот втор претставник  Љупчо Ангеловски прв пат ќе настапи во четврток кога на програмата се кавалификациите на 50 метри слободно.

Објавено на
© 2025 Телевизија Телма. Сите права се задржани.
Текстов не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

СЛИЧНИ ТЕКСТОВИ