
Ибрахимовиќ не доаѓа во Милан
Спортскиот директор на Милан, Леонардо во изјава за италијанската телевизиска станица Скај потврди дека Златан Ибрахимовиќ зимава нема да го засили тимот од Сан Сиро.
“Ибрахимовиќ нема да дојде во Милан. Тој рече дека доколку ЛА Галакси ги прифати неговите барања ќе остане во САД. Би било убаво да дојде во Милан, но за жал тоа е невозможно”, рече Леонардо.
Шведскиот интернационалец сезонава играше одлично во дресот на ЛА Галакси, но поради паузата во МЛС лигата постоеше голема веројатност тој извесен период да настапува за Милан, но очигледно дека тоа нема да се случи.
Ибрахимовиќ го носеше дресот на Милан во периодот од 2010 до 2012 година и на 61 натпревар во Серија А постигна 42 гола.