Соседско дерби за опстанок во трката за полуфинале

На Европското првенство во ракомет во женска конкуренција денеска ќе се комплетира второто коло од главната рунда во првата група.

Во првиот натпревар од денешната програма се среќаваат селекциите на Данска и Русија. Данска во денешното соочување мора да забележи победа доколку сака да ги задржа шансите за освојување на едно од првите две места во групата. Додека Русија со евентуален триумф сигурно влегува меѓу четирите најдобри репрезентации на шампионатот.

Во 21 часот закажан е почетокот на соседското дерби во кое Црна Гора се соочува со Србија. И на двете селекции им е потребна победа за опстанок во трката за настап во полуфиналето. Двата тима во овој сегмент од натпреварувањето имаат по два бода и во пресрет на завршните натпревари ќе се обидат да стигнат до второто место.

 

 

РАКОМЕТ ЕП ЖЕНИ / ГЛАВНА РУНДА

 

ГРУПА 1

ДАНСКА – РУСИЈА                                           18:00 часот

СРБИЈА – ЦРНА ГОРА                                    21:00 часот

 

ТАБЕЛА

1. РУСИЈА 3 3 0 0 79:71 6
2. ФРАНЦИЈА 4 2 1 1 98:90 5
3. ШВЕДСКА 4 1 1 2 100:102 3
4. СРБИЈА 3 1 0 2 76:76 2
5. ЦРНА ГОРА 3 1 0 2 73:77 2
6. ДАНСКА 3 1 0 2 78:88 2

 

 

ПОСЛЕДНО КОЛО 12.12.2018

ДАНСКА – ЦРНА ГОРА                   15:45 часот

ШВЕДСКА – РУСИЈА                       18:00 часот

СРБИЈА – ФРАНЦИЈА                     21:00 часот

Објавено на
© 2025 Телевизија Телма. Сите права се задржани.
Текстов не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

СЛИЧНИ ТЕКСТОВИ