
Продолжува триумфалната серија на Шифрин
Американката Микаела Шифрин победни на денешниот паралел слалом што се одржи во Сент Мориц и ја продолжи триумфалната низа во досегашниот тек од сезоната во Светскиот куп.
Шифрин во финалето беше поуспешна од Петра Влхова од Словачка додека третото место и припадна на Венди Холендер од Швајцарија.
По денешната победа Шифрин во редоследот за слалом води со максимални 300 бода, 60 повеќе од Влхова, а на третата позиција е Холендер со 145.
Во генералниот пласман Американката е на првото место со 689 бода, втора со 296 е Швајцарката Мишел Гисин, а трета со 276 е Влхова.