Норвежанките атакуваат на првите бодови во главната рунда

На Европското првенство во ракомет во женска конкуренција што се одржува во Франција денеска на програмата се мечевите од првото коло во втората група во главната рунда.

Во терминот од 18 часот се среќаваат селекциите на Шпанија и Германија. Црвената фурија во вториот круг влезе без освоен бод додека Германките по изненадувачкиот триумф на Норвешка со нова победа би биле чекор поблиску до пласман во полуфиналето.

Од 21 часот бранителот на трофејот Норвешка за противник ја има Унгарија. Норвежанките исто така во вториот круг влегоа без бодови и вечерва мора да атакуваат на победа доколку сакаат место меѓу четирите најдобри на турнирот.

Со евентуален пораз, Норвешка ќе ги загуби шансите за настап во полуфиналето додека Унгарија ќе остане во трката за едно од првите две места.

Завршните натпревари за медали  на Европското првенство ќе можете да ги следите ексклузивно на програмата на Телма.

 

РАКОМЕТ ЕП – ЖЕНИ / ГЛАВНА РУНДА

ГРУПА 2 / 1. коло

ШПАНИЈА – ГЕРМАНИЈА                              18:00  часот

УНГАРИЈА  – НОРВЕШКА                              21:00 часот

 

ТАБЕЛА

1. Романија 2 2 0 0 60:47 4
2. Холандија 2 2 0 0 56:52 4
3. Унгарија 2 1 0 1 57:54 2
4. Германија 2 1 0 1 57:61 2
5. Шпанија 2 0 0 2 53:60 0
6. Норвешка 2 0 0 2 55:64 0

 

Објавено на
© 2025 Телевизија Телма. Сите права се задржани.
Текстов не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

СЛИЧНИ ТЕКСТОВИ