Поради протести одложени натпревари на ЕП во ракомет

Натпреварите од второто коло во првата група од главната рунда на Европското ракометно првенство во женска конкуренција што се одржува во Франција наместо утре ќе се одиграат в недела.

Причина за поместувањето на терминот се антивладините протести што ќе се одржат утре во Нант, а мечевите Србија – Русија и Шведска – Франција на програмата се в недела.

Мечот меѓу домаќинот и Шведска ќе стартува од 15 часот додека дуелот Србија – Русија почнува во 18 часот.

Поради протестите одложени се и пет натпревари од редовното коло во фудбалскиот шампионат на Франција.

Објавено на
© 2025 Телевизија Телма. Сите права се задржани.
Текстов не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

СЛИЧНИ ТЕКСТОВИ