
Гонзалес: Нашата шанса ја загубивме денеска, утре ќе биде тешко
Селекторот Раул Гонзалес очекувано беше разочаран по поразот на Македонија од Чешка, особено што нашите ракометари водеа до самиот финиш.
Противникот за прв пат поведе во последните неколку минути од натпреварот и успеа да дојде до победата.
„Одигравме многу добар натпревар, особено до 50-тата минута, но немавме среќа во последните десет минути. Чешка одигра многу подобро во второто полувреме. Имавме шанса барем да се бориме за 5-то место, но сега таа шанса ја немаме. Денеска исчезна шансата, утре ќе биде тешко за било што, бидејќи тие се пред нас на табелата. Пропуштивме голема шанса“, изјави селекторот Раул Гонзалез.