Словенија ја победи Шпанија во корист на Македонија

Во натпреварот кој се одигра од 18:15 помеѓу Словенија и Шпанија, подобра беше селекцијата на Словенците кои стигнаа до победа од 31:26.

Првиот дел од натпреварот беше речиси израмнет, а Словенците успеаа да заминат со предност од 13:12. Вториот дел видовме целосно поинаква слика и одлична игра од Словенија и на крајот заслужена победа од 5 голови разлика.

Сега на ред се Раул Гонзалез и неговите избраници, најпрво треба да се совлада Чешка.

Доколку дојдеме до два бода, Македонија ќе го задржи посакуваното второт место на табелата во главната рунда.

Објавено на
© 2025 Телевизија Телма. Сите права се задржани.
Текстов не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

СЛИЧНИ ТЕКСТОВИ