Петта одбрана на Милосављев, Шилегов со петти наубав гол

Половичен учинок на македонските претставници во ракометната Лига на шампиони. Вардар на домашен терен славеше над Кјелце додека Металург со пораз го заврши настапот во годинешното издание од елитното натпреварување. Во изборот на најдобрите за овој викенд место имаше за двајца наши ракометари.

Голманот на Вардар, Дејан Милосављев имаше значаен придонес во победата на “црвено црните” во дуелот против Кјелце која македонскиот првак го донесе на второто место на табелата во А групата. Една од 11-те интервенции на вардаровиот голман се најде во изборот на најатрактивните и се најде на петтото место.

Младиот состав на Металург немаше сила во завршницата за изненадување во Прешов и во мечот со Татран го доживеа деветтиот пораз и на крајот од оваа сезона во шампионската лига го освои последното место во Ц конкуренцијата. Крилото на тимот од Автокоманда, Мице Шилегов на последниот натпревар постигна два гола од исто толку обиди, а еден негов погодок ја зазема петтата позиција на најубави погодоци.

Објавено на
© 2025 Телевизија Телма. Сите права се задржани.
Текстов не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

СЛИЧНИ ТЕКСТОВИ