Ангеловски: Респект за сите противници, не стравуваме од ниту еден тим

Фудбалската репрезентација на Македонија денеска во Даблин ги доби противниците за претстојниот квалификациски циклус за пласман на Европското првенство во 2020 година.

Македонија е дел од Г групата во која нема атрактивни противници, но тоа се селекции со кои можеме рамноправно да се бориме за бодови и за што е можно повисок пласман.

Како што потенцира селекторот Ангеловски, почит за сите противници, но ние со тимска игра и максимално залагање ќе се обидеме да ја исполниме примарната цел, а тоа е пласман на континенталниот шампионат.

“Мислам дека добивме група во која се наоѓаат релативно израмнети репрезентации. Македонија влегува со нескриени амбиции, а притоа респектирајќи ги сите противници. Македонија не стравува од никого и може да се спротивстави со сите противници, само сплотено и тимски и со огромна поддршка од јавноста. Ние ќе одиме од натпревар во натпревар и се надевам дека ќе стигнеме до крајната цел, а тоа е пласман на Евро 2020. Откако ќе го дознаеме распоредот ќе започнеме со сите потребни активности за анализа и подобра подготовка на квалификациите”, рече селекторот Ангеловски по жрепката во Даблин.

Објавено на
© 2025 Телевизија Телма. Сите права се задржани.
Текстов не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

СЛИЧНИ ТЕКСТОВИ