На победа против Косово за потврда на првото место

Македонската кошаркарска репрезентација денеска од 17 часот и 45 минути во Гевгелија против селекцијата на Косово ќе го одигра третиот натпревар во претквалификациите за пласман на Европското првенство.

Нашите кошаркари до овој момент имаат перфектен скор во претходните два настапи и со победа на Косово ќе го задржиме првото место во групата и ќе бидеме на чекор до настап во квалификациите за континенталниот шампионат.

За денешниот меч селекторот Јорданчо Давитков нема да може да смета на повредениот Љубомир Младеновски, а не се во комбинација и Бобан Стајиќ и Адем Мекиќ. По пауза поради повреда во составот се враќа Марко Симоновски, а на екипата ќе и помогне Шејн Витингтон, кој е алтернатива за Ричард Хендрикс.

Објавено на
© 2025 Телевизија Телма. Сите права се задржани.
Текстов не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

СЛИЧНИ ТЕКСТОВИ