
Детроит подобар од шампионот, продолжува триумфалната низа на Торонто
Во НБА лигата ноќеска се одиграни се седум натпревари. Детроит го совлада актуелниот шампион Голден Стејт со 111:102 и се задржа на четвртата позиција на Истокот. Блејк Грифин мечот го заврши со 26 поени и шест скока, Стенли Џонсон додаде 19 поени и седум освоени топки под обрачите додека Реџи Џексон беше стрелец на 17 поени.
Во поразениот тим Кевин Дурент имаше 28 поени, шест скока и седум асистенции, а Стеф Кари впиша 27 поени, пет освоени топки и три додавања.
Водечкиот тим на Истокот, Торонто забележа победа од 106:95 во дуелот против Кливленд и стигна до осмиот едно по друго триумф. Каваи Леонард имаше учинок од 34 поени и девет скока додека Паскал Сиакам, Фред Ван Флит и Дени Грин беа стрелци на по 15 поени.
На спротивната страна Тристан Томпсон имаше 18 поени и 19 скока, а Џордан Кларксон постигна 18 поени.
НБА РЕЗУЛТАТИ
Њујорк – Милвоки 136:134 (продолжение)
Вашингтон – Бруклин 102:88
Хјустон – Чикаго 121:105
Минесота – Бостон 109:118
Сакраменто – Индијана 111:110