
Бранителот на трофејот стартува против Германија
На Европското првенство во ракомет во женска конкуренција денеска ќе се одиграат мечевите од првото коло во Ц и Д групата.
Од 15 часот во Брест, актуелниот шампион Норвешка се среќава со селекцијата на Германија додека за 18 часот закажан е почетокот на дуелот меѓу Романија и Чешка.
Во мечевите од Ц групата што се игра во Монтбелиар во првиот термин од 15 часот се среќаваат Унгарија и освојувачот на среброто на последното првенство, Холандија, а во попладневниот термин Шпанија за противник ја Хрватска.
Вчера во единствениот натпревар од Б конкуренцијата Црна Гора ја совлада Словенија со 36:22 додека во дуелите од А групата, Србија беше убедлива против Полска совладувајќи ја 33:26 додека во вториот меч Данска славеше над Шведска со 30:29.