Мекиќ: Со добра игра во одбраната до нова победа

Кошаркарската репрезентација на Македонија ги финишира подготовките за дуелот со Косово што ќе се одигра в недела во Гевгелија со почеток од 17 часот и 45 минути.

Со победа во овој меч правиме чекор понапред до освојување на првата позиција и пласман на нашиот тим во квалификациите за Европското првенство.

“Реално сме фаворити во овој дуел со Косово, а тоа го докажавме и на првиот натпревар. Максимално сме подготвени за овој меч, сите играчи се во одлична форма и очекувам да победиме. Мораме да ја стопираме нивната игра во транзиција и да го оневозможиме нивниот главен играч, Бериша. Целата на игра на Косово се базира на него и затоа мораме да бидеме максимално фокусирани во одбраната бидејќи ако успееме да го стопираме сметам дека нема да имаме никакви проблеми”, изјави Адем Мекиќ.

Селекторот Јорданчо Давитков за овој дуел нема да може да смета на повредениот Љубомир Младеновски, но и покрај неговото отсуство ја имаме фаворитската улога, која сепак на крајот мораме да ја потврдиме на теренот.

Објавено на
© 2025 Телевизија Телма. Сите права се задржани.
Текстов не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

СЛИЧНИ ТЕКСТОВИ