
Конечно победа на Хјустон, ЛА Лејкерс подобар од Далас
Во НБА лигата одиграни се 11 натпревари. Кошаркарите на Хјустон го совладаа Сан Антонио со 136:195 и ја прекинаа низата од четири последователни порази.
Гостите доминираа во текот на првите три периоди од натпреварот, а пред последната четвртина имаа 36 поени предност, додека во завршните 12 минути домашниот тим успеа да го намали водството на противникот, но не и да се спаси од убедлив пораз.
Клинт Капела мечот го заврши со 27 поени и 12 скока, Ерик Гордон беше стрелец на 26 поени, а Џејмс Харден додаде 23 поени, 10 асистенции и седум освоени топки под обрачите.
Во поразениот тим ЛаМаркус Олдриџ забележа 20 поени и шест скока додека ДеМар ДеРозан постигна 18 поени.
Лос Анџелес Лејкерс славеше над Далас со 114:103 и се задржа на седмата позиција на Западот. ЛеБрон Џејмс впиша 28 поени и четири асистенции, а Брендон Инграм имаше учинок од 19 поени и четири скока.
На спротивната страна Херисон Барнс имаше 29 поени и пет освоени топки додека Двајт Пауел забележа 17 поени и седум скока.
НБА РЕЗУЛТАТИ
Бостон – Кливленд 128:95
Шарлот – Јута 111:119
Детроит – Чикаго 107:88
Филаделфија – Вашингтон 123:98
Бруклин – Мемфис 125:131 (продолжение)
Мајами – Њу Орлеанс 106:101
Оклахома – Атланта 124:109
Феникс – Орландо 85:99
Портланд – Денвер 112:113