
СЕХА ЛИГА: МЕТАЛУРГ ЗАМИНА БЕЗ БОДОВИ ОД НОВИ САД
Војводина-Металург 31-30 што е седми пораз за скопската екипа во тековната Сеха сезона. Македонскиот вицепрвак имаше можност за реми и за победа ,но шансата исчезна во финишот.Металурзите имаа поволен резултат во поголемиот дел од гостувањето.Водство од 5. минута ,разлика на полувреме од 15-17 и предност до 44 минута кога домашните поведоа со 24-23.Во продолжение, Војводина ја имаше потребната концентрација и победи со еден гол разлика.
Шпенде со 7 голови беше прво име во статистиката кај Металург,Токиќ постигна 6.Според календарот ,Металург на 5 декември го пречекува Вардар.