ВАРДАР РУТИНСКИ ДО БОДОВИТЕ ПРОТИВ ИЗВИЃАЧ

Македонскиот шампион  ја забележа седмата победа сезонава во Сеха лигата.Вечерва во СЦ  Јане Сандански,Вардар го порази Извиѓач со 38-27.Гостите од БиХ кои имаат само еден бод после 8.натпревари  беа во подредена улога од почетните минути против комбинираниот состав кој тренерот Парондо ги  имаше на терен. На полувремето  21-13 ,финални  11  разлика за домашните.

Најефикасни кај Вардар во мечот што е  во насока на подготовка за саботниот дуел со Кјелце во ЛШ,денеска беа Војводиќ и Оцвирк со по 6 погодоци,Поповски    и Кисељев поделија по 5 голови   .На врвот од  табелата Вардар со 21 бод се изедначи со Нексе и Загреб.Утре во Сеха лигата  Металург од 17 часот и гостува на Војводина

Објавено на
© 2025 Телевизија Телма. Сите права се задржани.
Текстов не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

СЛИЧНИ ТЕКСТОВИ