Судскиот совет и Управниот суд пресудија за националност на штипски судија – Советот го води како Бугарин иако тој се чувствува како Македонец

Славчо Тасев е судија од Штип повеќе од 22 години. Денеска сакаше како Mакедонец да се кандидира за член на Sудскиот совет, но советот го отфрли неговото барање бидејќи кај нив е заведен како Бугарин, а истото дури и со пресуда утврдил и Управниот суд. Но само слушна дека Советот ја отфрли неговата кандидатура за член од штипско подрачје затоа што сметаат дека треба да се пријави на листа за немнозински заедници.

Идентична одлука имаше и за судија Албанец кој се кандидирал за член на совет од гостиварско апелационо подрачје. Дека така треба толкуваше и поранешната претседателка на советот.

Таа е една од четирите судии спомнати од СЈО во посебен извештај за спрегата и изборот на судиите по налог на извршната власт. Денеска имаше можност да одговори.

Актуелниот претседател на советот Зоран Караџовски, вели дека СЈО со тој извештај има преземено туѓи обврски, а за суштината што правела неговата претходничка Зафировска, вели дека моралната одговорност е лична.

За бегството на Никола Груевски, Караџовски вели дека не смета дека судиите погрешиле, но го чека одговорот од скопскиот кривичен суд од каде бараа други одговори за други бегства на обвинети на СЈО и неактивноста на советот да истражува судски пропусти додека владееше бегалецот во Унгарија. Караџовски смета дека судот нема право да бара одговори од него и останува на ставот дека ќе се оди во контрола на судот ако нема соработка и покрај острата реакција од кривичен со која се гледа дека нема да има добредојде за Караџовски.

Миомир Серафиновиќ

Објавено на
© 2025 Телевизија Телма. Сите права се задржани.
Текстов не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

СЛИЧНИ ТЕКСТОВИ