
Голден Стејт влегува во победничка низа
Во НБА лигата одиграни се седум натпревари. Шампионот Голден Стејт го совлада Орландо со 116:110 и ја забележа третата последователна победа.
Гостите од Флорида по првото полувреме имаа предност од 19 поени, но и тоа не беше доволно за триумф во мечот со бранителот на трофејот во НБА. Во вториот дел Голден Стејт не само шти успеа да ја надополни негативата туку и на крајот стигна до нов триумф по кој се зацврсти на второто место во Западната конференција.
Кевин Дурент забележа 49 поени, девет асистенции и шест скока додека Клеј Томпсон имаше учинок од 29 поени и пет освоени топки под обрачите.
Во поразениот тим Никола Вучевиќ имаше учинок од 30 поени и 12 скока, а Теренс Рос беше стрелец на 28 поени.
НБА РЕЗУЛТАТИ:
Шарлот – Милвоки 110:107
Кливленд – Минесота 95:102
Вашингтон – Хјустон 135:131 (продолженија)
Чикаго – Сан Антонио 107:108
Њу Орлеанс – Бостон 107:124
Јута – Индијана 116:110