Владата со поддршка за нулта толеранција за насилство врз жените

Владата на Република Македонија цврсто стои зад заложбата за нулта толеранција спрема секоја форма на насилство врз жените и девојките, напуша вечерва премиерот Заев на својот ФБ профил.

Тој заедно со министрите о дел од дипломатскиот кор во земјава се фотографираше пред зградата на владата која беше осветлена во розова боја.

  • Неодамна ја ратификувавме Истанбулската Конвенција на Советот на Европа за спречување и борба против насилството врз жените и домашното насилство, а минатиот месец го усвоивме Акцискиот план 2018-2020 за спроведување на конвенцијата. Насилството врз жените не е само женско прашање, туку прашање кое се однесува на секој еден од нас. Токму затоа мора да работиме заеднички да ставиме крај на истото, напиша Заев.
Објавено на
© 2025 Телевизија Телма. Сите права се задржани.
Текстов не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

СЛИЧНИ ТЕКСТОВИ