ХРВАТСКА ГО ОСВОИ ДЕЈВИС КУПОТ

По втор пат во историјата ,тенисерите на Хрватска го освоија Дејвис купот.Решавачката трета победа во финалето против Франција ја извојува Марин  Чилиќ.Седмиот   играч на АТП листата го порази Лукас Пуј со 3-0 по тај брејк во првиот сет   и со  по 6-3 во следните два за вкупни 3-1 на Хрватска во финалето,па мечот помеѓу Цонга и Чориќ беше одложен.Претходно  во петокот,Коцкестите поведеа со 2-0 во првиот круг сингл мечеви.Вчера Франција намали на 1-2 со победата во дубл.После 13 години откако  Хрватска за прв пат ја крена салатарата во генерација на Љубичиќ и Анчиќ,вечерва во Лил на стадионот  Пјер Моро пред 25 илјади гледачи ,Дејвис купот во овој формат  ја имаше последната сезона и заминува во историјата.

Објавено на
© 2025 Телевизија Телма. Сите права се задржани.
Текстов не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

СЛИЧНИ ТЕКСТОВИ