ЕУРОФАРМ РАБОТНИК СЕ ПЛАСИРАШЕ ВО ГРУПНАТА ФАЗА ОД ЕХФ КУПОТ

Ракометарите на Еурофарм Работник изборија место во групната фаза на ЕХФ купот.За  историскиот резултат , клубот од Битола одигра победнички  и на реваншот од третото коло во Швајцарија кај  Берн   со 28-30. Најефикасни во тимот на Еурофарм Работник беа Граџан со седум голови и Кузмановски со  четири.На првиот натпревар,битолската екипа славеше со 29-19. Ждрепката за групната фаза на ЕХФ Купот е закажана за 29 ноември.

Објавено на
© 2025 Телевизија Телма. Сите права се задржани.
Текстов не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

СЛИЧНИ ТЕКСТОВИ