
ХАОС НА ’’МОНУМЕНТАЛ’’ СУПЕРКЛАСИКО ПРЕЗЕКАЖАН ЗА ВЕЧЕРВА ОД 21.00
Инцидентот што го предизвикаа навивачи на Ривер Плејт го одложи реваншот од финалето на Копа Либертадорес на стадионот „Монументал“ во Буенос Аирес, за вечерва во 21 часот, што е 24 часа подоцна од закажаниот термин.Група домашни навивачи го каменуваше автобусот на гостинскиот клуб и градски ривал Бока Јуниорс на пат кон стадионот каде требаше да се игра реванш финалето од Копа Либертадорес,откако двете екипи постигнаа по два гола на првиот меч одигран на ’’Бомбоњера’’ на Бока.Од скршените прозори на автобусот и парчињата стакло повредени се капитенот Пабло Перез и Гонзало Ламардо кои беа испратени во болница а на мачнина од солзавецот што го употребила полицијата за справување со хулиганите се пожалил и Карлос Тевез.После целосниот хаос и тензичната атмосфера ,гостинскиот тим не беше во состојба на излезе на терен и по двочасовно одложување.Суперкласико во рамки на Копа Либертадорес ,пандан на европска ЛШ е презакажан за вечерва од 21 часот.