Телма сторија за близначки дијабетичари- во текот на еден месец мора да го боцнат прстот по 150 пати

Близначките Симоски од Тетово, веќе неколку години живеат со дијабетес кој е дел од нивното секојдневие.

И двете велат дека зголеменото ниво на шеќер во крвта не го чуствуваат како болест, тука како состојба која мора да ја следат.

Во училиште и во текот на останатиот дел од денот постојано вршат проверки, ги бројат јаглехидратите, инјектираат инсулин.

Ведри и насмеани успешно се справуваат со дијабетесот. Единствено боцкањето им создава проблеми, затоа што за добра конрола на шеќерот, потребно е во текот на еден месец да го боцнат нивното прсте 150 пати.

Нивната мајка Ирена вели дека се прават напори преку Здружението на деца заболени од дијабетес, да се обезбедат сензорски мерачи на шеќерот во крвта на товар на Фондот за здравство. За да се олесни секојдневието на децата потребни се и поквалитетни инсулини, но и континуирана едукација за самосправување и соодветна подршка, со што би се намалил нивниот емоциналниот товар.

Од Здружението на дијабетичари Тетово, велат дека згрижува податокот што бројката на заболени деца од дијабетес постојано расте, а инсулинот постојано доцни. Оттаму се надеваат дека со новиот тендер за набавка на инсулинска терапија проблемот ќе се реши

На ниво на Македонија има 500 дијабетичари до 14 години, од кои најголем број се регистрирани во Струмица и Тетово.

Зоран Димовски

Објавено на
© 2025 Телевизија Телма. Сите права се задржани.
Текстов не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

СЛИЧНИ ТЕКСТОВИ