Завршни натпревари во Лигата на нации

Вечерва се играат последните натпревари од фазата по групи во Лигата на нации. Во елитната конкуренција на програмата е дуелот меѓу Португалија и Полска, кој нема никакво резултатско значење бидејќи домаќините веќе изборија пласман на завршниот турнир, а гостите го во следното издание ќе настапуваат во понизок ранг.

Во Б лигата Шведска и Русија во директен дуел решаваат за првото место, а на домаќините им е потребна победа за освојување на првата позиција.

Во Ц конкуренцијата се играат три натпревари. Црна Гора ја пречекува Романија, Литванија и гостува на Србија додека Шкотска го пречекува Израел.

И во последната Д лига, Косово во Приштина игра против Азербејџан, а Малта е домаќин на Фарските острови.

 

ЛИГА НА НАЦИИ – двојки

 

А ЛИГА

Група 3

Португалија – Полска                                    20:45

ТАБЕЛА

1. Португалија 3 2 1 0 4:2 7
2. Италија 4 1 2 1 2:2 5
3. Полска 3 0 1 2 3:5 1

 

Б ЛИГА

Група 2

Шведска – Русија                                            20:45

ТАБЕЛА

1. Русија 3 2 1 0 4:1 7
2. Шведска 3 1 1 1 3:3 4
3. Турција 4 1 0 3 4:7 3

 

Ц ЛИГА

Група 1

Шкотска – Израел                                           20:45

ТАБЕЛА

1. Израел 3 2 0 1 4:2 6
2. Шкотска 3 2 0 1 7:2 6
3. Албанија 4 1 0 3 1:8 3

 

 

Група 4

Црна Гора – Романија                                   20:45

Србија – Литванија                                         20:45

ТАБЕЛА

1. Србија 5 3 2 0 7:3 11
2. Романија 5 2 3 0 7:3 9
3. Црна Гора 5 2 1 2 7:5 7
4. Литванија 5 0 0 5 2:12 0

 

Д ЛИГА

Група 3

Косово – Азербејџан                                     20:45

Малта – Фарски Острови                             20:45

ТАБЕЛА

1. Косово 5 3 2 0 11:2 11
2. Азербејџан 5 2 3 0 7:2 9
3. Фарски Острови 5 1 1 3 4:9 4
4. Малта 5 0 2 3 4:13 2

 

Објавено на
© 2025 Телевизија Телма. Сите права се задржани.
Текстов не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

СЛИЧНИ ТЕКСТОВИ