
Давитков го објави списокот за дуелот со Косово
Селекторот на машката кошаркарска репрезентација Јорданчо Давитков го објави списокот на играчи кои се во комбинација за претстојниот натпревар од претквалификациите за Европското првенство против селекцијата на Косово.
Во екипата се враќа Марко Симоновски, кој претходните дуели ги пропушти поради повреда, а како алтернатива за Ричард Хендрикс, кој има семејни проблеми повикан е Шејн Витингтон.
Собирот ќе се одржи во Скопје на 28 овој месец, а потоа се заминува за Гевгелија каде ќе се одржат завршните подготовки во пресрет на дуелот со Косово.
СПИСОК НА КОШАРКАРИ:
Војдан Стојановски, Дамјан Стојановски, Александар Костоски, Дарко Соколов, Адем Мекиќ, Бобан Стајиќ, Андреј Магдевски, Димитар Караџовски, Марко Симоновски, Стојан Ѓуроски, Бојан Трајковски, Љубомир Младеновски, Бојан Крстевски, Андреј Маслинко, Шејн Витингтон.
Натпреварот со Косово се игра во Гевгелија на втори декември, а во досегашниот тек од претквалификациите нашиот тим има две победи во исто толку настапи.