Барди: Не е важен противникот имаме квалитет за пласман на ЕП

Македонската фудбалска репрезентација успешно го мина првиот дел од настапите во Лигата на нации. Учинокот во фазата по групи ни овозможи во полуфиналето од разигрувањето бидеме домаќини, а според Енис Барди не е важно со која селекција ќе се соочиме во следниот меч и дека е најважно ние да се фокусираме на нашата игра.

“Имаме квалитетен состав, оваа предводена од Горан Пандев генерација може слободно да кажам дека е една од најдобрите во историјата на македонскиот фудбал и во следните два натпревари во баражот треба да бидеме максимално концентрирани и дека нема да имаме никаков проблем со било кој од потенцијалните противници. Не бираме ниту еден противник, ние треба да сме фокусирани само на нашата игра. Ако играме на нивото на кое најдобро можеме верувам дека нема да имаме никаков проблем”, рече Енис Барди.

Објавено на
© 2025 Телевизија Телма. Сите права се задржани.
Текстов не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

СЛИЧНИ ТЕКСТОВИ