Германија оди на прва победа во Лигата на нации

Вечерва се играат девет натпревар од последното коло во Лигата на нации, а најголем интерес предизвикува соочувањето меѓу селекциите на Германија и Холандија.

Во пресрет вечерашниот дуел во Гелзенкирхен, Германците се на последното место на табелата во првата група од елитниот дел на Лигата на нации и во следното издание ќе се натпреваруваат во понизок ранг. Избраниците на Јоаким Лев ќе се обидат да стигнат до првата победа во ова натпреварување и да ја прекинат низата од два порази во мечевите со Холандија и Франција.

Од друга страна Холандија атакува на нова победа по која ќе избијат на првото место на табелата и ќе им се приклучат на Португалија, Англија и Белгија кои веќе обезбедија учество на завршниот турнир.

Во Б лигата на Нации од 20:45 играат Чешка – Словачка и Данска – Република Ирска. Дуелот меѓу поранешните сонародници директно решава која од овие две селекции ќе се пресели во понизок ранг на натпреварување додека Данска е сигурно прва, а Ирците сигурно се селат во понизок ранг.

Во Ц лигата Бугарија е домаќин на Словенија додека Кипар ја пречекува Норвешка.

И во Д сегментот од Лигата на нации на програмата се четири меча. Во групата 1, Андора за противник ја има Летонија, а Грузија го пречекува Казахстан. Во оваа конкуренција Грузијците се сигурно први, а со триумф го потврдуваат лидерското место и предност на домашен терен во разигрувањето за пласман на Европското првенство.

Денеска се играат и мечевите во нашата група 4, Македонија е домаќин на Гибралтар додека Ерменија му гостува на Лихтенштајн.

 

ЛИГА НА НАЦИИ – двојки

А ЛИГА

Група 1

Германија – Холандија                                                20:45 часот

 

ТАБЕЛА

1. Франција 4 2 1 1 4:4 7
2. Холандија 3 2 0 1 6:2 6
3. Германија 3 0 1 2 1:5 1

 

Б ЛИГА

Група 1

Чешка – Словачка                                           20:45

ТАБЕЛА

1. Украина 4 3 0 1 5:5 9
2. Чешка 3 1 0 2 3:4 3
3. Словачка 3 1 0 2 5:4 3

 

Група 4

Данска – Република Ирска                         20:45

 

ТАБЕЛА

1. Данска 3 2 1 0 4:1 7
2. Велс 4 2 0 2 6:5 6
3. Република Ирска 3 0 1 2 1:5 1

 

 

ЛИГА Ц

Група 3

Бугарија – Словенија                                    20:45

Кипар – Норвешка                                          20:45

 

ТАБЕЛА

1. Норвешка 5 3 1 1 5:2 10
2. Бугарија 5 3 1 1 6:4 10
3. Кипар 5 1 2 2 5:7 5
4. Словенија 5 0 2 3 4:7 2

 

 

ЛИГА Д

Група 1

Андора – Летонија                                         18:00

Грузија – Казахстан                                        18:00

 

ТАБЕЛА

1. Грузија 5 4 1 0 10:1 13
2. Казахстан 5 1 3 1 7:5 6
3. Летонија 5 0 3 2 2:6 3
4. Андора 5 0 3 2 2:9 3

 

Група 4

МАКЕДОНИЈА  – Гибралтар                       20:45

Лихтенштајн – Ерменија                             20:45

 

ТАБЕЛА

1. Македонија 5 4 0 1 10:5 12
2. Ерменија 5 3 0 2 12:6 9
3. Гибралтар 5 2 0 3 5:11 6
4. Лихтенштајн 5 1 0 4 5:10 3

 

Објавено на
© 2025 Телевизија Телма. Сите права се задржани.
Текстов не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

СЛИЧНИ ТЕКСТОВИ